Додека се чека епилогот од барањето на САД за минерали од Украина, како гранција за дадената помош, дел од „критичните суровини“ сака и Европската унија (ЕУ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Минерали како гаранција за помошта што САД и ја дава на Украина, побара Трамп
Како што пренесуваат светските агенции, ЕУ вчера веќе и понудила свој договор на Украина за овие суровини, кој бил поразличен од тој на САД, а според еврокомесарот за индустриска стратегија Стефан Сежурне, „додадената вредност што ја нуди Европа е тоа што никогаш нема да бараме договор што не е заемно корисен“.
„Дваесет и еден од 30. критични материјали што и се потребни на Европа може да ги обезбеди Украина, во заемно корисно партнерство“, вели Сежурне.
Украина има огромни резерви на клучни суровини, од литиум до титаниум, кои се од суштинско значење за модерната технологија и се во голема побарувачка во глобалната трка по ресурси.
Има и големи резерви на јаглен, нафта, гас и ураниум, но значителен дел од овие ресурси се наоѓаат на територија под руска контрола.
Фото: Унсплеш