еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тринаесет илјади неискористени дози вакцини од донацијата од Бугарија повлечени поради истечен рок

Неискористените вакцини против Ковид -19 кои беа донација од Република Бугарија, поради истекот на рокот ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдија од Министерството за здравство.

-Тринаесет илјади дози вакцини против Ковид 19, кои нашата земја ги доби како донација од Република Бугарија, денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени, како медицински отпад, соопштија вчера од МЗ за МИА.

Донацијата од 51.480 дози од вакцината „Фајзер“ од Република Бугарија во земјава пристигна на 16 септември, со рок на употреба кој истекува на 30 септември. 

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

23 лица биле на возраст од 30 до 59 години: Бројот на смртни случаи од Ковид-19 се зголемил за 22,5% за една недела

Редакција

Продадени два блока акции од Комерцијална банка за два милиони евра

Редакција

Васко Стефанов ја презеде функцијата директор на ЕСМ

Редакција