еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Снимките од дворот на Манев не се од вечерата пред убиството на Жежовски, тврди адвокатот на Видоевски

Бојан Манев, адвокатот на обвинетиот за убиството и грабнувањето на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Боре Видоевски, тврди дека снимките од дворот на обвинетиот Велибор Манев, кои Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги презентираше на минатото рочиште, а на кои се гледаат сите обвинети, освен таткото на Ѓорчевска, обвинетиот Александар Ѓорчевски, не со вечерта пред убиството на Жежовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски и други обвинети се снимени во дворот на Манев вечерта пред убиството на Жежовски

Според него Видевски таа вечер бил дома на сопствената слава Свети Архангел Михаил, а снимките кои ги презентирале од ОЈО Скопје биле од некој друг ден.

–Тие снимки не се од тој ден, а тоа ќе го видите и од исказите на другите обвинети. Не верувам дека некој кој планирал убиство сам би се снимал. Тоа е надвор од умот, изјави тој по завршувањето на денешното рочиште.

Тој денеска предложи да биде изведена и аудо снимка на која според него, е прикажана тортура при апсењето на Видевски, а која ја снимил Зоран Петковски, од партијата Десна, кој сведочеше денеска и рече дека го снимал разговорот кога бил повикан во полиција.

Судот ја одби таа снимка, со образложение дека тортура се докажува со медицински наод, а самата снимка е незаконски снимена.

Адвокатот Манев тврди дека Видевски имал повеќе повреди од „тортурата од полицијата“.

– Медицинската документација за повредите на Боре Видевски е приложена. Имам приложено најмалку 10 ургенции во предметот со целосна медицинска документација и најмалку пет ургенции од кои се гледа дека состојбата на неговиот бубрег е последица на тепањето при изнудувањето на признание. Тоа Судот го има. Тој имаше многу повреди, меѓу кои и од фрактури на главата, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на таткото на Вања најави постапка за тортура врз неговиот клиент

Член на Десна сведочеше дека за време на убиството на Вања се допишувал со Палевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

КПУ Идризово склучи договор за набавка на храна со „Фодулмак“, вреден 1,1 милион евра

Редакција

Најдоцна во октомври СДСМ и ДУИ ќе ги распоредат директорските места во поважните институции

Редакција

И Швајцарија која е секогаш неутрална, ги усвои санкциите на Европската унија против Русија

Редакција