еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Британската влада одобри екстрадиција на Асанж во САД

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.

Британското Министерство за внатрешни работи во соопштение наведува дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука. Тој може да поднесе жалба до Високиот суд во Лондон, кој мора да одобри продолжување на жалбената постапка.

На крајот треба да се жали до Врховниот суд на Велика Британија, но доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.

Асанж ќе поднесе жалба

Асанж ќе поднесе жалба на одлуката на британската Влада да биде екстрадиран во САД, објави денеска Викиликс.

„Борбата не е завршена денеска. Ова е само почеток на нова правна битка. Ќе се жалиме преку правниот систем“, се наведува во соопштението објавено на Твитер профилите на Викиликс.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Д-р Скано од СЗО: Состојбата е загрижувачка, но може да се стави под контрола со прекинување на ланецот на зараза

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 болни од Ковид-19

Редакција

Направени се кадровски промени, воведени нови протоколи, се инсталира акцелераторот, рече Меџити на анкетната Комисија за Онкологија

Редакција