еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Не се зборува за преговарачка рамка, во Софија има комплетен застој, вели Вархеји

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, попладнево изјави дека не се зборува за преговарачка рамка со С.Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На прашање на МИА дали Европската Комисија ќе гарантира дека конечната преговарачка рамка меѓу ЕУ и С.Македонија нема да ги прекршува вредностите, правилата и принципите на ЕУ, еврокомесарот Вархеји порача дека не се зборува за преговарачка рамка воопшто.

-Не сум запознаен со никаква преговарачка рамка, знам дека има комплетен застој во Софија, го поминувам речиси секој вторник во таа земја, без резултат, очигледно е дека внатрешната политика е способна да му наштети на кредибилитетот на ЕУ, нема преговарачка рамка во овој момент, изјави Вархеји.

Еврокомесарот за проширување потоа додаде дека се надева оти одржувањето на првата меѓувладина конференција со С.Македонија и Албанија ќе се одржи за неколку дена.

-Нема причина да чекаме уште поради внатрешни политички прашања во Бугарија, се надевам дека зборуваме за денови, а не за месеци или години кога станува збор за првите меѓувладини конференции со С.Македонија и Албанија, рече Оливер Вархеји, одговарајќи на прашање дали Украина и Молдавија би можеле да започнат преговори пред Скопје и Тирана откако двете земји денеска добија препорака за кандидатски статус за членство во ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европската комисија препорача кандидатски статус за ЕУ за Украина и Молдавија

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лавров ќе дојде во Скопје, ако Бугарија го отвори воздушниот простор

Редакција

Големо отворање на KMALL трговски центар во Ѓорче Петров

Редакција

Три лица ограбиле банка во центарот на Скопје, едно од нив испукало куршум

Редакција