еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Размислувам за смена на државниот грб, не ми паѓа на памет да се менува химната, вели Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во централниот дневник на Алсат-М телевизија кажа дека размислува за промена на државниот грб, но апсолутно не размислува за промена на македонската химна, ниту пак му доаѓа на памет да влегува во таква дискусија.

„Тој е партиски симбол и на други политички партии, не е само на ВМРО-ДПМНЕ. Таму мојата изјава е резултат на брифинзи кои што излегоа во јавноста во одредени медиуми и претпоставувам дека новинарот кој што мене ми го постави прашањето беше инспириран од тие брифинзи во тие медиуми.

И јас дадов одговор внимателен во кој што кажав дека Владата во која што беа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ кој што ја предводеше Никола Груевски имаше договор за да се смени грбот во државата. И тоа беше мојот одговор.“

На прашањето дали има иницијатива за таква промена премиерот Мицкоски рече, ако има ќе знае јавноста, ќе влезе во Парламентот. Но, дали размислувам? Да, рече тој и додаде:

„Ценам дека хералдичкиот симбол земскиот лав е симбол на сите оние генерации кои што живееле во овие простори, и тоа не е некоја тајна“.

Во однос на македонската химна, премиер Мицкоски порача дека химната е темелна вредност на една држава, нагласувајќи дека не гледа никаква причина зошто таа би се менувала.

„Химната е темелна вредност на една држава, односно еден од трите суштински атрибути кои што ја дефинираат државноста. А химната претставува историска генеза, химната практично ја прераскажува историјата на создавањето на една држава и нација. И јас тука не гледам никаква причина зошто таа би се менувала или во кој дел таа би се менувала“, кажа тој.

Мицкоски порача дека ниту на памет не му паѓа да дискутира да разговара на тема за менување на македонската химна.

„Апсолутно, таман работа, ниту станува збор таа тема на дискусија, ниту на памет ми паѓа да влегувам во било каква расправа во која ќе се менува текст на химна, која што отсликува историска генеза на создавањето на оваа држава. Кој сум јас или кои сме ние тоа да го правиме,“ порача Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пати се менувал државниот грб на Македонија

„На македонскиот грб треба да стои лева рака и десен џеб“: Реакции за менувањето на државниот грб

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во фирма во Скопје пронајдено починато 23-годишно момче

Редакција

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Редакција

Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Редакција