Тетекс АД Тетово лани остварил приходи од продажба на готови производи и услуги од 75.965 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во кои се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на материјали, готови производи и стоки, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Останати приходи изнесуваат 49.225 илјади денари и во нив се вклучени приходите од продажба на материјални средства -10.982 илјади денари и вредносно усогласување на залихи – 38.243 илјади денари.
За тековниот период во финансиските приходи од 112.174 илјади денари, се евидентирани приходи од проценка на имот – 66.840 илјади денари и приходи од примени дивиденди во износ од 43.150 илјади денари, додека минатата година приходите од примени дивиденди изнесуваа 77.688 илјади денари.
Значително учество во вкупните приходи е уделот во добивката на придруженото друштво ТТК Банка, по метод на главнина од 44.844 илјади денари, велат од таму
Остварените вкупни расходи за овој период изнесуваат 192.440 илјади денари и во споредба со истиот период во 2023 година, кога изнесувале 263.902 илјади денари, бележат намалување.
-Остварената добивка за периодот пред оданочување изнесува 73.875 илјади денари, а добивката по оданочување изнесува 69.254 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бобан Гоговски и Павлинка Трповска избрани за директори на Тетекс
Тетекс со драстичен пад на добивката во третиот квартал
Професорот Михаил Петковски поднесе оставка од Одборот на директори на Тетекс
Фото: Тетекс