еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид АД Скопје ќе исплати за 16,67 % поголема дивиденда во однос на лани

Алкалоид АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 01.04.2025 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија.

„Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 27.02.2025 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2024 година во износ од 630,00 денари бруто односно 567,00 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 540,00 денари бруто односно 486,00 денари нето е поголема за 16,67%.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход компанијата ќе издвои над 900 милиони денари.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 14.05.2025 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид со раст на консолидираните продажби од 15%, инвестиции од 23,3 милиони евра и со 253 нови вработувања во земјава во 2024 година

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

Редакција

Кривична за лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“

Редакција

Нови 627 случаи на Ковид-19 од 2.510 тестирања

Редакција