еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

ОН го осуди насилното задушување на протестите во Иран и формира мисија за истрага

Советот за човекови права при ОН го осуди насилното задушување на мирните демонстрации во Иран и формираше независна мисија за истрага за наводните злоупотреби, особено на жените и децата.

Резолуцијата предложена од Германија и Исланд на состанокот во Женева беше поддржана од 25 земји.

Шест земји гласаа против – Кина, Пакистан, Куба, Еритреја, Венецуела и Ерменија, додека 16 беа воздржани.

ОН претходно апелираа до иранската влада да го запре насилството врз демонстрантите.

Протестите во Иран почнаа пред повеќе од два месеци поради убиството на Махса Амини. Таа починала како последица на тепање од полицијата за морал, бидејќи, како што посочија тамошните медиуми, не носела хиџаб правилно.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Невообичаени гости денеска во кабинетот на вицепремиерот Артан Груби

Редакција

Нови 62 случаи на Ковид-19, бројката на активни е 13.915

Редакција

Пациентот кој се самоуби бил под психијатриска обсервација: Детали од ГОБ „8 ми Септември“

Редакција