Остварените единечни вкупни приходи на Витаминка АД Прилеп лани изнесувале 3,751,589 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 7%, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2023 година се повисоки за 7%.
Растотот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи.
Остварените единечни вкупни расходи во 2024 година изнесуваат 3,679,420 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат зголемување од 7%.
Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето за 2024 година.
Во извештајниот период е остварена добивка по оданочување во висина од 65,937 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е намалена за 3%.
Ова пред сѐ се должи на зголемувањето на основните суровини за производство, пред се на какаото и сончогледово масло за јадење, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Витаминка откупи сопствени акции
Витаминка со раст на добивката за 58% во третиот квартал