еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ДУИ бара усогласување на партиите за Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива се уште без став  

Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска имаа средби со свои колеги од ДУИ и од Алијансата на Албанците за поддршка на нивната Резолуција за евроинтеграцискиот пат на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како ќе се изјаснат партиите на Албанците: Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ прифатлива за СДСМ, ЛДП, ДОМ и Демократски сојуз

Што содржи предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ, со која бара државен консензус во преговорите со Бугарија

Координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми изјави дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии за да се осигураат дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ.

-Не треба да правиме ништо што ќе биде спротивно на ЕУ интеграцијата. ДУИ смета дека јазичниот, историскиот и културниот идентитет не е прашање за дискусија и не е прашање за политичко договарање.

Следствено цениме дека е потребно усогласување на текстот на резолуцијата помеѓу сите парламентарни партии и да се осигураме дека тоа не му наштетува на нашето чекорење кон ЕУ, рече Адеми по средбата со пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Халил Снопче, од коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива изјави дека ги слушнал образложенијата на неговиот собраниски колега и оти останува тоа да го пренесе во партијата.

– За нас е важно како партија е Македонија да продолжи со интегративните процеси. Нашата Влада и целокупното општество во државата да се продолжи со залагањата за интеграција во ЕУ, тоа е главна цел за државата.

Владата да биде внимателна и во разговорите и во реформите. За нас се многу битни добрите односи во регионот, па следствено и со Бугарија. Препорачуваме до Владата да биде внимателна, изјави Снопче.

Изрази надеж дека за Резолуцијата ќе има дебата во Собранието.

-Има еден проблем. Ние имавме изјава на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека оваа Резолуција и штети на меѓународните тенденции на земјата, но исто така имавме и изјава на пратеникот од СДСМ, Костадинов, дека оваа Резолуција е добра. Логично би било партиите на власта да имаат заеднички став, рече Снопче.

ВМРО-ДПМНЕ предложи резолуција за евроинтеграцискиот пат на државата, која што се уште е во драфт верзија, а во изминатите два дена лобираше во парламентарните партии таа да биде прифатена.

Начелна поддршка доби од македонските партии од власта СДСМ, ДОМ, ЛДП и ДС.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Отповикувања и оставки во Управниот одбор и Надзорниот одбор на „Скопски пазар“

Редакција

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик: Ќе има ли проблеми во борбата против нелегалната миграција?

Редакција

Се забранува купување на масло за јадење во пакети – нарушено редовното снабдување на пазарот

Редакција