еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Миланов на завршните зборови за „Организаторите на 27 Април“: Вељаноски ја водел седница согласно Деловникот на Собранието

Обвинетитот Трајко Вељаноски, не комуницирал со ниту еден од другите обвинети во случајот „Организатори на 27 април”, во наводно планирање на упадот во Собранието, истакна неговата одбрана во завршните зборови за овој случај.

Адвокатот Еленко Миланов, во денешните завршни зборови истакна дека од 30 илјади пораки од Вељаноски, воопшто нема комуникација меѓу него и обвинетиот Владимир Атанасовски (поранешен директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК)), Никола Бошковски (во бегство) и обвинетиот Миле Јанакиески.

– Од ниту еден сведок од обвинителството не слушнавме дека Трајко Вељаноски имал комуникација со Владимир Атанасовски и Никола Бошковски.

Во овој период Вељаноски нема апсолутно никаква комуникација со Миле Јанакиески. Додека, има шест пораки меѓу него и обвинетиот Спиро Ристоски, кој во тоа време бил министер за образование, рече адвокатот Еленко Миланов.

Бранителот на Трајко Вељаноски, исто така наведе дека уставниот поредок во тој период во РМ е парламентарна демократија и истиот е и по 27 април 2017 година и никаде не постои навод, дека некој сакал или се обидел да воспостави друг уставен поредок во земјата.

– Со тоа не е исполнет првиот и основен дел од оваа инкриминација за да може да се тврди дека некој од овде обвинетите го сторил делото. Ништо такво ниту се става на товар на обвинението, она што се става на товар е насилство, изјави Миланов.

Од сите изнесени докази, и вербални и материјални, нагласи Миланов, само се потврди дека Трајко Вељаноски конститутивната седница во Собранието ја водел строго според Деловникот.

– Не може за ова да го прогласите Трајко Вељаноски за виновен, рече Миланов.

Судењето за овој предмет го води судијата Илија Трпков. Главната расправа е во фаза на завршни зборови.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дарко Каевски е новиот претседател на подмладокот на СДСМ

Редакција

Ќе се забранат настапи на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти

Редакција

Најмногу дожд наврна во Прилеп и Берово, времето и денеска нестабилно со дожд и грмежи

Редакција