еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пациентите со делта сојот на Ковид-19 не биле вакцинирани, еден е во многу тешка состојба

Ниту еден од ковид позитивните пациенти кај кои е изолиран делта сојот на SarsCov2 не е вакциниран за Ковид -19, информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

„По направените анкети со пациентите утврдено е дека никој од нив не примил ниту една доза вакцина, односно ниту се вакцинирани, ниту ревакцинирани.

Од вкупниот број позитивни пациенти, кај кои е утврдено присуство на делта сој, само еден е во многу тешка состојба. Станува збор за пациент, кој 8-9 дена откако појавил симптоми на Ковид-19, одбивал да оди на лекар и бил во домашна изолација.

Во моментов се вршат епидемиолошки анкети на останати членови од семејството на двајца од хоспитализираните пациенти, кои живееле во заедница и возможно е да се утврди и кај нив присуство на индиски сој на вирусот,“ се вели во соопштението.

Министерството за здравство апелира до граѓаните за што помасовна вакцинација, како и придржување кон основните препораки за заштита од Ковид-19.

Сите вакцини со кои располагаме се безбедни и ефикасни и се единствениот начин за заштита од Ковид-19, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот, велат од Министерство за здравство

Четврти случај на делта сојот во Македонија, за четворица се чекаат резултати

Доктор Пановски: Нон сенс е Грците нас да не тестираат каде што нема делта сој, а ние да немаме мерки за патниците од таму

Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Во Скопје се протестираше против нехуманиот третман на бездомните животни

Редакција

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

Редакција

Татко ја допирал неговата малолетна ќерка, мајката го пријавила

Редакција