еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Сите вакцини се ефикасни во заштита од тешка форма на болеста и хоспитализација од делта сојот, велат од Министерство за здравство

Министерството за здравство реагира на дел од објавите и пренесени ставови во медиумите дека кинеската вакцина „Синовак“ „не штити од делта сојот“ и од тешка клиничка слика при разболување на вакцинираните со оваа вакцина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се што треба да знаете за делта сојот на Ковид-19: Од симптоми до вакцини

„Ова тврдење е апсолутно неточно, нема ниту една студија или научен доказ кој ова го потврдува. Апелираме медиумите да не пласираат непроверени тези од поединци кои не се засновани на официјални информации од меѓународните здравствени институции.

Досегашните анализи и официјални инфрмации на Светската здравствена организација (СЗО) која ја одобри оваа вакцина, покажуваат дека истата е ефикасна 51 отсто при заштита на асимптоматските случаи и штити 100 отсто од развој на тешка форма на болеста.

Согласно најновите две студии на СЗО спроведени во Бразил за ефикасноста на вакцината од новите соеви кои се во моментот во циркулација, потврдено е дека истата штити 50 отсто во првата студија и 83 отсто во втората студија.

Како што ќе има нови официјални студии и податоци за ефикасноста на вакцините, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста,“ велат од Министерство за здравство.

Во овие исклучително чуствителни моменти кога започнува масовната вакцинација во нашата земја, апелираме на максимална одговорност од сите поединци и медиуми во однос на вакцинацијата и споделување исклучително на ставови кои се поткрепени со научни докази и студии, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентите со делта сојот на Ковид-19 не биле вакцинирани, еден е во многу тешка состојба

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почна вакцинирањето на населението над 86 години од штипскиот и струмички регион

Редакција

Талибанците имаат повеќе борбени летала од Македонија и неколку други членки на НАТО

Редакција

„Тиквеш“ купи винарница во Франција

Редакција