еМагазин
Image default
Македонија

Почна вакцинирањето на населението над 86 години од штипскиот и струмички регион

Почна имунизацијата на жителите над 86 години од штипскиот и струмичкиот регион во штипската сала „Јордан Мијалков“. Највозрасниот пациент кој денеска треба да прими вакцина против Ковид-19 има 100 години.

Директорката на Здравствениот дом-Штип, Снежана Трајковска вели дека денеска имаат закажано 1.000 пациенти од двата региони. Инаку вакцинирањето почна со два часа задоцнување, наместо во 8, аплицирањето на вакцините стартуваше од 10 часот.

-На овој пункт „Мој термин“ ги пушти термините за вакцинација од 10 часот, наместо од 8 часот, како што беше најавено. Така што имавме малку празен простор, но и ние се доекипиравме, со сите помошните средства, што ги донесовме од утрово и сме подготвени, вели Трајковска.

Во салата има 22 вакцинални пункта, а претпладнево пациентите се редовни и доаѓаат на термините. Вчера пристигнаа 5.000 кинески вакцини „Синофарм“, а на секои трети ден ќе очекуваат и нови вакцини. Здравствениот кадар е обучен за аплицирање на било која вакцина.

Само од штипскиот регион се имаат пријавено над 20.000 граѓани за имунизација. Над 80 отсто од здравствениот кадар е од Здравствен дом-Штип и Клиничка болница, а денеска останатите 20 отсто од кадарот се од Радовиш и Виница, а од утре ротираат и од останатите градови од двата региони.

Градоначалникот на Оштина Штип, Сашко Николов денеска беше во посета на вакционалниот пункт и истакна дека е задоволен од подготвеноста на здравствените работници, како и од студентите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и волонтерите на Црвен Крст – Штип.

Инаку општината помогна во опремувањето на пунктот, како и во организацијата на имунизацијата на населението од двата региони.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор

Редакција

Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Ќе има ли оставки: Заев на состанок со одговорните лица на институциите надлежни за бегството на Мијалков

Редакција