еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците на ДУИ и на Алијанса за Албанците и Алтернатива нема да ја поддржат интерпелацијата за Џафери 

Координаторот на пратаеничката група на ДУИ, Арбр Адеми денеска изјави дека интерпелацијата поднесена за претседателот на Собранието, Талат Џафери од нејзините подносители има дневно политички цели и ДУИ нема да ја поддржи.

-Собранието е пример кој се следи и од другите земји, а за тоа говорат другите, а не само ние, рече Адеми.

На прашањето дали Џафери го прекршил Уставот зборувајќи во странство, како официјална личност, на албански јазик, а не на македонски јазик, Адеми со контрапрашање.

-Доколку претседателот на Собранието Талат Џафери во странство зборуваше на англиски јазик, дали би го прекршил Уставот? Ако зборуваше на англиски јазик никој ништо овде немаше да каже.

Сега, бидејќи зборувал на албански јазик, изгледа како тоа некому тоа да му пречи, а всушност и не му пречи, туку само бара дневно – политички поени, рече Адеми.

Пратеникот од Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче изјави дека албанската опозиција нема ја поддржи интерпелацијата за претседателот на парламентот Талат Џафери, поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и Левица.

АА и Алтернатива, како што кажа, имаат многу забелешки за работата на Џафери, но оваа интерпелација е неоснована.

-Aлбанскиот јазик во Собранието е преведуван јазик. Ние, пратениците Албанци, не можеме само на албански јазик да поднесеме амандмани. Претедателот на Парламентот материјалите од министерствата често ги прима само на македонски јазик, па потоа ги преведуваат службите.

Дипломатскиот кор е многу повнимателен, секогаш се обезбедува превод, покрај на македонски јазик и на албански јазик. Употребата на албанскиот јазик е биолошко право, рече Снопче.

Левица и ВМРО-ДПМНЕ вчера поднесоа барање за интерпелација на Џафери откако тој на состанок во Европскиот Парламент се обрати на албански јазик, а причини се и преводи во Собранието и седницата на која гласаа двајца пратеници заболени од Ковид-19, облечени во скафандери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица и ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелација за Џафери поради повреда на Уставот

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа тројца пациенти, од Штип, Тетово и Струга

Редакција

Каков имот пријавил Стефан Богоев, новиот директор на Царинската управа

Редакција

Братот и сопругот на Мира Дизел ќе дадат отказ, синот не

Редакција