Димко Митрев АД Велес лани остварил нето добивка од 129 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година истата е помала за 31%, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Имено во пресметковниот период е остварен вкупен приход од 299.697 илјади денари и во однос на вкупниот приход во 2023 година е поголем за 1%.
По структурата на застапеност во вкупните приходи најголемо учество имаат приходите од странскиот пазар и тие учествуваат со 90%, приходите од домашен пазар со 6% и други приходи со 4%.
Во остварените вкупни приходи најголем дел се остварени приходи од продажба на сопствени производи и услуги наменети за извоз, кои редовно се наплаќаат.
Вкупните расходи изнесуваат 299.326 илјади денари и во однос на вкупните расходи во 2023 година се поголеми за 1%.
По структурата на застапеност во вкупните расходи најголемо учество имаат трошоците за суровини и репроматеријали и изнесуваат 124.972 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се помали за 13%.
Трошоците за енергија изнесуваат 14.710 илјади денари и во однос на истиот период од предходната година се исти.
Трошоците за бруто плата на вработените изнесуваат 117.785 илјади денари и во однос на истиот период во 2023 година се исти и истите редовно се исплаќаат.
Во пресметковниот период вкалкулирани се нето плати во вкупен износ од 77.566 илјади денари и задолжителни придонеси за нето плата во износ од 40.219 илјади денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешки „Димко Митрев„ со намалена добивка
Кои се најголемите акционери во велешки “Димко Митрев“