еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

БДП во четвртиот квартал лани пораснал за 3,2%

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во Македонија во четвриот квартал лани е 3,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во четвртиот квартал од 2024 година, поголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 13,2 проценти и Стручни, научни и технички дејности; Административни и помошни услужни дејности од 10,6 проценти.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2024 година, номинално расте за 6 проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 66,1 процент.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално е намален за 3,1 процент, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од два проценти.

Минатата година, во првиот квартал БДП изнесуваше 1,2 проценти, во вториот квартал 2,3 проценти, а во третиот 3 проценти.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една функционерска плата покрива две ипол до три синдикални минимални кошници, велат од ССМ

Редакција

Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика

Редакција

Каков имот поседува семејството кое е сопственик на „Пуцко петрол“, која е во фокусот на јавноста поради конфискацијата на имотот на „Трансмет“

Редакција