еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Димитров: Жалам што не помина амандманот за бугарската реторика

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров го поздрави усвојувањето на Извештајот на Република Северна Македонија, но изрази жалење што не помина амандманот на Зелените и Социјалистите во врска со непримерно и провокативно однесување на бугарските власти кон земјава.

Амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Северна Македонија не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци.

– Сакам да го поздравам усвојувањето на Резолуцијата на ЕП со големо мнозинство, вклучувајќи го и компромисот кој е постигнат околу вордингот за пристапувањето дека билатералните прашања не смеат да бидат користени за блокирање на пристапниот процес.

Но, не можам да избегнам да не ги спомнам некои од амандманите за кои се гласаше денеска.

Сакам да изразам жалење и разочараност што беа усвоени амандманите 3 и 4 поднесени од ЕПП-групата, и би сакал да изразам жалење што амандманот 2 поднесен од Белка, Пицула, Фајон и Шидер не доби поддршка од мнозинството, рече Димитров во обраќањето на 18. состанок на Мешовитиот парламентарен комитет – Северна Македонија и ЕУ.

Едниот амандман на ЕПП се однесуваше на одлуката на ЕП дека претходните препораки за недискриминација на луѓе кои отворено изјаснуваат дека се со бугарски припадност или потекло, не се имплементирани и сè уште е проблем да се каже дека имаат нешто заедничко со Бугарија.

Другиот, како што изјави, бугарскиот европратеник од ЕПП, Андреј Ковачев инсистира на „историско помирување засновано на заедничка бугарска историја, како што е запишано во Договорот за пријателство и добрососедство“.

Во однос на спорот со Бугарија, Димитров кажа дека на неколку дена од изборите во оваа соседна земја, ние сме посветени да продолжиме со билатералните напори, вклучувајќи ги и напорите на португалкското претседателство, за изнаоѓање начин да го надминеме прашањето, со цел да создадеме ситуација во која Софија, вели, ќе им се придружи на земјите-членки и да се постигне консензус во однос на усвојувањето на преговарачката рамка за конечно да се одржи првата меѓувладина конференција и ги почнеме преговорите.

-Во прашање се многу работи вклучувајќи го и кредибилитетот на ЕУ во регионот, вели Димитров.

Тој потсети на европскиот пат на Македонија досега. Укажа дека оваа година земјата одбележува 20 години од Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ и 16 години од добивањето на статусот на земја-кандидат, за бројните препораки на ЕУ за старт на преговорите, решавањето на спорот со Грција, усвојувањето на новата методологија и зеленото светло за старт на преговотрите во март, лани.

-Навистина е крајно време да го почнеме пристапниот процес. Ако тоа го постигнеме тоа ќе биде тројна победа за нас, за Софија и за ЕУ. Тоа ќе даде и голем сигнал за регионот, нагласи Димитров.

За спорот со Софија, кој за некои не е прифатлив и е неразбирлив, рече дека не е во прашање вообичаено билатерално прашање, бидејќи немаме несогласувања во однос на територијата, ниту за економски или прашања од областа на животната средина.

На прашање од европратеник во однос на спорот, Димитров нагласи дека клучната филозофија зад Договорот за пријателство е дека сакаме да бидеме блиски, да бидеме пријатели, да работиме заедно, бидејќи делиме европска иднина.

-Договорот во членот 2 вели дека Бугарија ќе ги поддржи нашите напори за членство во ЕУ. Во контекст на Дооворот, да – имаме некои разлики, имаме периоди во нашата историја кои може да ги сметаме заеднички, ајде да ги искористиме како мост на зближување, а не за расправа.

Клучот е во целосна имплементација на Договорот за пријателство, кој го вклучува и членот 2, и сметам дека на долг рок двете земји ќе добијат ако Бугарија не е пречка, туку стане најголем поддржувач на нашата евроинтеграција, рече Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Усвоен извештајот за Македонија во Европскиот парламент, но отфрлен амандманот преку кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Весна Дамева е нов претседател на Судски совет

Редакција

Судството „рак-рана“ на општеството: Граѓаните со најмногу поплаки од него

Редакција

Зијадин Села реизбран за претседател на Алијанса за Албанците

Редакција