еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пендиков не го тепале поради етничка омраза, напаѓачите добија по 8 месеци затвор

По повеќе од две години заврши судскиот процес за нападот на охриѓанецот Христијан Пендиков, секретарот на поранешното бугарско здружение во Охрид, „Цар Борис Трети“.

Основниот суд во Охрид вчера ги осуди на затворска казна од по осум месеци неговите напаѓачи, Илија Спасески и Борче Ангелов, но исто така нападот го квалификуваше како тепачка со тешка телесна повреда, посочувајќи дека мотивот “омраза” не е докажан.

Случајот доби политичка конотација и влијаеше на односите помеѓу Македонија и Бугарија, која го квалификуваше како напад со етничка позадина, оти како што е познато Пендиков од Македонец стана Бугарин.

За да се лекува во Бугарија по нападот беше пратен дури претседателски авион, а по неговото лекување, бугарскиот политички врв му даде бугарско државјанство.

Осудените имаат право на жалба пред Апелациониот суд Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

(Видео) Со свечена церемонија охриѓанецот Пендиков стана Бугарин, документите му ги врачи потпретседателка Јотова

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нова колекција од „Спрингфилд“ пролет 2019

Редакција

Општините да си проверат дали објектите имаат хидранти, излез за итни случаеви, противпожарни апарати…

Редакција

Комерцијална не ја коментира реакцијата на Пелистерка, Банката нема да ја менува понудата за откуп на сите акции на Стопанска банка Битола

Редакција