еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Како Пендиков стана бугарски државјанин: Сценарио за Холивуд

Бугарското сценарио со Христијан Пендиков, генералниот секретар на згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети„, кој наводно бил претепан оти се чуствувал како Бугарин, станува се подраматично.

И сценаристите во Холивуд би биле љубоморни на таков расплет.

Вчера на свечена церемонија, мислиш народен херој, лично од потпретседателката на Бугарија ги доби документите за да стане бугарски државјан, а тамошните медиуми настанот го пренесуваа во живо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Со свечена церемонија охриѓанецот Пендиков стана Бугарин, документите му ги врачи потпретседателка Јотова

А тој пак не ја испушти можноста повторно да „удри“ врз македонските власти и најави дека ќе учел меѓународни односи и ќе се врател во Македонија за да им помогне на Бугарите.

Да заплаче човек.

„Во Македонија има уште многу македонски Бугари кои секојдневно се борат за нашата кауза и идеологија. Тие секојдневно трпат притисок од тамошните власти“, рече Пендиков, кој до пред неколку месеци се декларираше како Македонец и на социјалните мрежи пишуваше статуси против Бугарија.

„Македонија цела да е! Во Македонија се говори само македонски! Јас немам извадено македонски пасош, па не дај Боже бугарски. Друга татковина освен Македонија немаме! Александров бил Македонец, а не Бугарин! Тоа не е Бугарија, тоа е Пиринска Македонија!“, се само дел од статусите и коментарите на неговиот профил на Фејсбук.

Во Македонија не ни очекуваат нешто поинакво од Бугарија освен отровни стрели и провкации, но загржува што ЕУ продолжува да молчи за злоупотребата на европскиот пасош, кој како што објавија бугарските медиуми се издава ептен често и на лица кои немаат ама баш никаква врска со Бугарија и бугарски идентитет, и со адреса на бандера.

Да потсетиме и дека Пендиков заврши во Бугарија со воен авион кој го прати тамошниот претседател, оти ние нели немаме болници, додека за него се водеа две истраги во Македонија, за неговиот напад и втората за поседување кокаин.

Не дојде ни за судењето за неговиот напад, демек оти не заздравел од нападот, ама нема никаков здравствен проблем да биде дел од бугарската пропаганда.

Ептен успешна ЕУ приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Каков напад од омраза кога неговиот татко спасуваше бугарски државјани од бродската несреќа, вели адвокатот на обвинетиот за нападот на Пендиков

Пендиков ќе добие и стипендија за студии, откако бугарската држава му даде стан и обезбедување

Пендиков не е бугарски државјанин, еден од неговите напаѓачи е

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пуштена во употреба салата „Партизан“

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во септември

Редакција

(Видео) Објавена снимка од убиениот атентатор на Трамп, имал 20 години

Редакција