еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

На чудната предизборна дебата на лидерите на грчките лидери тема и Македонија

Синоќа на националната грчка телевизија ЕРТ се одржа првата предизборна дебата во Грција по осум години.

На истата, како што јавува дописникот на еМагазин од Солун, учествуваа актуелниот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, претседателот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, првиот човек на ПАСОК- Движење на промена, Никос Андрулакис, генералните секретари на Комунистичката партија и МЕРА 25, Димитрис Куцубас и Јанис Варуфакис и лидерот на Грчко решение, Кирјакос Велопулос.

Претходно Мицотакис одби да се соочи со Ципрас, но се согласи да биде дел од некој чуден концепт на политичка дебата, во која лидерите не дебатираа меѓусебно, туку група новинари од повеќе приватни телевизии (најголемиот дел од нив отворено провладини) им поставуваа прашања.

И Македонија беше една од темите. Имено лидерот на Грчко решение, партија која е дел од актуелниот грчки Парламент покажувајќи слики со поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев со Ципрас и Мицотакис, најави дека ако победи ќе го поништи Договорот од Преспа.

Фото: Скај ТВ/ЕРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Луѓето кои биле заразени од Ковид-19 не се целосно заштитени од повторна инфекција

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Спектартермо“ вреден 987,8 илјади евра

Редакција

Народна банка: Нето надворешниот долг во вториот квартал намален за 101 милион евра

Редакција