Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, го посети логистичко-дистрибутивниот центар што германската компанија Лидл го гради во индустриската зона Речица, во близина на Куманово.
Овој стратешки проект е од големо значење за економскиот развој на регионот и претставува значајна странска инвестиција во Македонија.
Изградбата на комплексот се одвива според предвидената динамика и моментално е во фаза на заградување на магацинот.
Логистичкиот центар на Лидл се простира на површина од 64.000 квадратни метри во рамките на комплексот на површина од 170 хектари.
Вредноста на инвестицијата е 80 милиони евра, а по завршувањето на проектот се очекува да се отворат нови 150 работни места кои значително ќе се одразат на локалната економија.
Лидл ја избра локацијата во Куманово поради поволната географска положба и одличната инфраструктура, што ќе овозможи брзо и ефикасно снабдување на идните продавници на Лидл во Македонија.
Во изградбата на логистичкиот центар се користат најсовремени и најиновативни градежни стандарди, со посебен акцент на одржливоста.
Центарот ќе биде опремен со фотоволтаични панели со вкупен капацитет од 1,7 мегават часови, што ќе придонесе за зголемена енергетска ефикасност и намалување на јаглеродните емисии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лидл бара заменици менаџери во повеќе градови низ Македонија
(Видео) Логистичко дистрибутивниот центар на Лидл во Куманово во финална фаза