За македонската делегација, која пред неколку дена беше во Будимпешта за меѓувладината седница помеѓу Македонија и Унгарија, а која броела 60 членови, биле потрешени 2,6 милиони денари, откри денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој појасни дека еден билет чинел 700 евра со плус вклучени такси.
– Околу 700 евра по билет со сите вклуечни такси на сите луѓе коишто беа дел од делегацијата, која што броеше 60 луѓе, и која што е за 30 проценти помалку, отколку кога би оделе со комерцијална линија Скопје-Виена-Будимпешта, Будимпешта-Виена-Скопје или Скопје-Истанбул-Будимпешта, Будимпшета-Истанбул-Скопје.
Тоа се линиите коишто беа во тој момент на располагње. Но, и од двете дестинации бевме одбиени за групна карта, којашто инаку во принцип беше за 30 проценти поскапа. Ова е виситната за да нема допонителни шпекулации, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министри се со Мицкоски во Будимпешта за меѓувладината седница со Унгарија
(Фото) Каде вечераа Мицкоски и Орбан
(Видео) Во Будимпешта Мицкоски е со сопругата, еве како беше пречекана македонската делегација
Фото: Влада