еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) “Што ќе ни се ружи кога немаме за леб“, порачаа на протесниот марш за 8. Март во Скопје

Во организација на Платформата за родова еднаквост по повод 8. Март денеска во Скопје се одржа протестен марш под мотото „Нека јадат ружи“, на кој учесниците меѓудругото порачаа дека не им требаат ружи, кога некои немаат ни за леб и дека им е доста од излитени фрази за Меѓународниот ден на жената.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марш и бојкот за 8 Март – „Нека јадат ружи“

„Овој 8. Март не сакаме ружи. Што ќе ни се ружи кога немаме за леб? Живееме во нехуман и неодржлив систем базиран на системско силеџиство што ни ги окупира животите и ни ги ограничува одлуките и можностите. А, во кризи, товарот несразмерно ја погодува жената.

Токму затоа, велиме не сакаме ружи, туку повикуваме на феминистичка борба за слобода, солидарност и автономија“, порачаа учесниците, кои маршот го почнаа од пред Универзална сала, продолжија по булеварот Партизански одреди, покрај Владата, а преку мостот „Гоце Делчев“ маршот го завршија во паркот Жена борец пред македонското Собрание.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто се слави 8. Март

Фото/видео: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Семејна новогодишна честитка и од Милошоски

Редакција

Кој е Панче Тошковски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада

Редакција

СДСМ ќе добие нов состав на Централниот одбор, најави Филипче

Редакција