Македонската берза го објави билтенот за февруари, кој покажува дека за тој период најтргуваните акции биле на Комерцијална банка АД Скопје, Алкалоид АД Скопје и Макпетрол АД Скопје.
Со акцијата на Комерцијална е остварен промет од 206,8 милиони денари, со акцијата на Алкалоид, 171,7 милиони денари, а со акцијата на Макпетрол, 34,5 милиони денари.
Во Топ 5 најтргувани се и акциите на НЛБ Банка АД Скопје и Стопанска банка АД Скопје.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.