еМагазин
Image default
Бизнис

Уставниот суд не поведе постапка за Законот за банки иницирана по стечајот на Еуростандард банка

Уставниот суд со мнозинство гласови на судиите не ја прифати иницијатива за оценка на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки.

Иницијативата, што беше на дневен ред на вчерашната седница на Судот, е поднесена од адвокат од Скопје, а се однесува на оценување на уставноста и законитоста на член 163 став 3 од Законот за банки, со кој при наплатата од стечајната маса предност се дава на Фондот за осигурување депозити во однос на оштетените фирми депоненти на банката и штедачите со поголеми износи од 30 илјади евра кои се покриени од страна на Фондот.

Од Уставниот суд велат дека не е поведена постапка по иницијативата, бидејќи со оваа законска одредба не се повредува Уставот.

Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард банка вчера со соопштение се огласи по повод одлуката на Уставниот суд, за која, како што велат, жалат што е негативна.

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Струмичка „Атлантис“ го доби тендерот на НБРМ за набавка на авиобилети вреден 15 милиони денари

Редакција

Колкави се примањата на членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Скопски пазар

Редакција

„Макпрогрес“ отвори Центар за развој и Прогресив академија во Виница: Нови патишта за успехот во регионот

Редакција