еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Вкусот на Латинска Америка во Limak Skopje Luxury Hotel

Во петок, 21. март, во Limak Skopje Luxury Hotel, ќе се одржи Латино вечер на која извонредните готвачи на хотелот ќе ги покажат своите кулинарски вештини, подготвувајќи автентични латино-американски јадења, информираат од таму.

Менито на оваа Латино вечер ќе содржи типично кубанско јадење од говедско месо, кое се смета за едно од националните јадења на оваа земја. Останатите гастрономски изненадувања што ќе можат да се вкусат се карактеристични специјалитети со потекло од Мексико и Бразил.

Посетителите на Латино вечерта ќе имаат прилика да ги пробаат и разновидните коктели во чија основа е румот, што е типичен пијалак за Карибите, каде се произведуваат повеќе од 70 различни брендови на рум. Овој пијалак многу често се користи за подготовка на коктели со тропски вкус и изглед, кои се одличен аперитив или придружник на латино-американските јадења.

На Латино вечерта ќе настапи танцовиот клуб „Desire“ и со звуците на латино музиката ќе ја долови убавината на Латинска Америка – синоним за прекрасни плажи, автентична музика и разнобојни карневали.

Латино вечерта започнува во 20.30 часот, во Clover ресторанот на петтиот кат на Limak Skopje Luxury Hotel, каде можат да се добијат и сите дополнителни информации и резервации.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин го обвини НАТО дека учествува во војната во Украина со испораката на оружјето

Редакција

Зоран Милески-Кичеец заврши во притвор за сообраќајката во која едно лице загина, а седуммина беа повредени

Редакција

Одлични резултати на „Алкалоид“: Добивка од 14 милиони евра и 212 нови вработувања

Редакција