Во Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес вчера во 13:25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63 годишниот Г.К. од Велес, со траги од крв во пределот на главата, информира денеска од СВР Велес.
Лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.