еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителството го обжали куќниот притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“, бара затворски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) го обжали решението на Основниот кривичен суд за домашниот притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на фирмата „Пуцко петрол„ и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, кој го доби за кривичното дело Перење пари и други приноси за набавката на мазут со сомнителен квалитет и потекло за ТЕЦ Неготино.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“ доби домашен притвор?

-Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на Обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Кои други лица освен Капушевски, Јаоски и Ковачевски се опфатени со истрагата за набавката на мазут

Фото: Економија и бизнис

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прв случај на коронавирусот во Пехчево, градоначалникот повика да не се шири паника и дезинформации

Редакција

Зголемување од 4,7%: Минатата недела 665 нови случаи на Ковид-19

Редакција

„Призма“: Предводник на „Шверцери“ и пејач го советуваат вицепремиерот Груби

Редакција