еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Пласидо Доминго пристигна во Скопје – од аеродром директно на проба

Пласидо Доминго вчера пристигна во Скопје, а неговото слетување го означи почетокот на едно од највозбудливите музички случувања во Македонија. Без ни минута одмор, славниот маестро од аеродромот директно се упати кон Националната опера и балет, каде што заедно со оркестарот на НОБ ја одржаа првата проба.

Со голем ентузијазам и воодушевување успшено заврши првата проба. Во исклучително инспиративна атмосфера, маестро Доминго ја покажа својата врвна уметност и посветеност, а оркестарот, инспириран од неговото присуство, одговори со извонредна прецизност и емоција, создавајќи атмосфера што го најавува она што ќе биде еден од дефинитивно најспектакуларните концерти во историјата на македонската музичка сцена.

Ова доаѓање не е обичен концерт – ова е историски момент за македонската културна сцена. Гласот што одекнувал низ најпрестижните театри во светот, на 14. март ќе ја исполни сцената во арена „Борис Трајковски“, а енергијата на неговото присуство веќе се чувствува меѓу музичарите и љубителите на операта.

Македонија го дочекува Доминго со восхит, а легендата започнува да ја испишува својата најнова музичка приказна. Се гледаме утре во арена „Борис Трајковски“.

Фото: Стефан Самандов

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Три дена ја нема Вања Ѓорчевска, во потргата се вклучи и Интерпол

Редакција

„Еуровиа“ од Желино го доби тендерот на Министерството за здравство за изградба на Поликлиника Сарај вреден милион евра

Редакција

41 нов случај на Ковид-19 од 1.024 тестови, 10 се реинфекции

Редакција