еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Пристигна филмот за грчката криза, Ципрас и Варуфакис

Викендов на филмскиот фестивал во Венеција, премиерно беше прикажан филмот “Adults in the Room”, кој се однесува на грчката криза, а е базиран на книгата на поранешниот министер за финансии на Грција, Јанис Варуфакис, јавува дописникот на еМагазин од Солун.

Варуфакис денеска има своја партија, која на последните избори во Грција, влезе во Парламентот, а реално е да се очекуваат бројни реакции на филмот во Грција, но и од институциите на Европската Унија и од светските меѓународни институции кои ја спасија Грција од банкрот, бидејќи оваа е сепак само како на работите гледа Варуфакис.

Премиерата на филмот во Грција е на 3. октомври, а светската премиера на 6. ноември.

Режисер на филмот е Коста Гаврас, познат грчки режисер.

Варуфакис го игра грчкиот актер Christos Loulis, а поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, Alexandros Bourdoumis.

Фото: Промо/видео: промо/Mediapart

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рекордни 50 починати од Ковид-19, дури 19 од Скопје

Редакција

На повидок нов бран на Ковид-19, невакцинираните и тие што не го прележале вирусот на „удар“

Редакција

Беживотно тело на исчезнато 16-годишно момче најдено во реката Пена кај Бањиче 

Редакција