еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Колку изнесуваат примањата на менаџментот на Реплек лани

Вкупните бруто годишни примања на Надзорниот и Управниот одбор на Реплек АД Скопје во 2024 година изнесуваат 35.707 илјади денари, по основ на редовна плата и други примања, соопшти компанијата во Годишниот извештај за минатата година, објавен преку Македонската берза.

Управниот одбор на компанијата го сочинуваат Душан Пецовски, кој е генерален директор и претседател на Управниот одбор, Коста Котески, кој е заменик генерален директор, Марјан Велковски, кој е оперативен директор и Панче Гелевски, кој е директор за маркетинг и продажба.

Надзорниот одбор (НО) го сочинуваат Антонио Георгиевски, кој е претседател на НО, Петар Андреевски, Наум Јанакиев, Томислав Крстевски и Јана Јужина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Душан Пецовски, генералниот директор на Реплек купи акции на компанијата

Коста Котески, член на УО на Реплек, купи акции на компанијата

Настел продаде нови акции на Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гркот Елефтериос за љубов на Бети научи и македонски

Редакција

Иринеј бачки: Треба да продолжи дијалогот меѓу СПЦ и МПЦ за надминување на отвореното црковно прашање

Редакција

Млада фармацевтка од Скопје разочарана од врсниците: „Чопоративно собирање по дома не е карантин“

Редакција