Државниот завод за статистика ги објави податоците за просечната плата во август, годинава од кои може да се види дека убедливо највисок пораст на платите во споредба со истиот месец минатата година имало во секторот дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг) каде што просечната плата изнесувала 28.092 денари, што е за 37.1 отсто повеќе во однос на август, минатата година.
На второ место е секторот канцелариско-администратвни и помошни дејности и деловнопомошни дејности каде што просечната плата во август изнесувала 30.119 денари, што е пораст од 31.4 отсто во однос на истиот месец минатата година.
На третото место е секторот производство на машини и уреди со просечна плата од 29.482 денари и пораст од 26.2 отсто, на четвртото е секторот производство на електрична опрема со просечната исплатена плата во август од 23.722 денари односно пораст од 17 отсто, а на петтото е секторот специјализирани градежни дејности со просечна плата од 22.708 денари и пораст од 15 отсто.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Топ пет професии со највисока просечна плата