M-р Емилија Нацевска и м-р Ана Митреска се избрани за нови вицегувернери на Народната банка на Република Македонија.
Што пишува во нивните биографии?
Ана Митреска
Образование: 2000-2006 година. Завршила постдипломски студии по монетарна економија на Економскиот факултет во Скопје. Постдипломските студии ги завршила со просечна оцена 9,89.
1995 – 1999 година. Завршила додипломски студии на Економскиот факултет во Скопје, насока економија, Отсек за финансии и банкарство и е дипломиран економист. Додипломските студии ги завршила со просечна оцена 9,82.
Познавање јазици: англиски одлично го познава, а од германски има основно познавање.
Работно искуство: Од јануари 2011 година досега, била директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во Народната банка на Република Македонија.
Од мај 2004 до декември 2010 година, е заменик-директор во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во Народната банка на Република Македонија.
Од јануари 2004 до мај 2004 година, е раководител на Отсекот за истражување, подоцна во Отсекот за монетарни движења во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.
Од март 2000 до јануари 2004 година, е помлад статистичар, статистичар, истражувач и виш истражувач во Дирекцијата за монетарна политика и истражување.
Од ноември 1999 година до март 2000 година, е помлад ревизор во Македонски ревизорски центар, Скопје.
Емилија Нацевска
Работно искуство: јули 2010 – денес е советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во Народната банка на Република Македонија.
Од јули 2003 – јули 2010 година е вицегувернер на НБРМ и член на Советот на Народната банка на Република Македонија.
Од декември 1997- јули 2003 година е директор на Дирекцијата за платен биланс, НБРМ.
Од мај 1996 – декември 1997 година е раководител на Отсекот за платен биланс во Дирекцијата за девизно работење, НБРМ.
Од јануари 1995 – мај 1996 година е стручен соработник во Отсекот за меѓународни односи и платен биланс во Дирекцијата за девизни работи, НБРМ.
Од март 1993 – јануари 1995 година е девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизни работи, НБРМ.
Од ноември 1987 – март 1993 година е помлад девизен аналитичар во Отсекот за меѓународни односи во Дирекцијата за девизно работење, НБРМ.
Образование: Во2012 година станува магистер по економски науки на Економскиот институт, при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Во 1986 година дипломира на насока за финансии, сметководство и банкарство при Економскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Фото: НБРМ