Најмалку 218 лица загинаа откако се урна покривот на ноќниот клуб „Џес Сет“ во Санто Доминго, главниот град на Доминиканската Република.
Над 189 лица се извлечени живи од урнатините, а се претпоставува дека во клубот во моментот на несреќата имало повеќе од 1.000 присутни.
Причините за катастрофалното уривање на покривот, кое се случи ноќта помеѓу понеделник и вторник, сè уште не се познати.
Фото: Унсплеш/Видео: Roya News English
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.