еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алијанса за Албанците на Таравари со свои листи за советници на локалните избори, ќе остане ли партијата во „Вреди“ и Владата?

Крилото од поделената Алијанса за Албанците (АА) на министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе оди со свои листи за советници на престојните локални избори, одлучило Централното претседателство на крилото.

АА во сите општини ќе излезе со сопствена листа за советници.

Таравари по ваквата одлука синоќа изјави дека неговото крило останува дел од владејачката коалиција „Вреди“, а тврди дека овој став го имале уште од јули лани.

Ако пак останатите во коалицијата одлучат да ги исклучат, ќе одговореле со своја одлука што понатаму.

АА на Таравари не планира и излегување од Владата. Тој не смета дека одлуката на неговото крило да настапи самостојно на локалните избори би било причина за излегување од Владата.

За можноста за соработка и соединување со крилото на Алијанса за Албанците на Зијадин Села, кој моментално е легитимен претседател на партијата, Таварари кажа дека „оваа куќа е отворена и голема“ и дека сите биле добредојдени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари кокетира со ДУИ, неговите партнери од „Вреди„ се оградија и тврдат дека немаат контакти со партијата на Ахмети

Фото: Таравари/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кардиоваскуларна болест и дијабет, најчести претходни заболувања кај пациентите со коронавирусот во Македонија

Редакција

Македонската ракометна репрезентација ќе игра на Светското првенство во Египет

Редакција

Наташа Апостолоска ги „запали“ социјалните мрежи: Условна казна доби оној кој ми го одзеде сопругот, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди

Редакција