еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Цените на горивата остануваат исти, се намалува само на мазутот

Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

За 0,212 денари за килограм се намалува само цената на Мазутот М-1 НС, кој со новата одлука ќе се продава за 36,780 денари за килограм.

Од вечерва на поноќ Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 71,50 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 73,50 денари за литар, дизелот за 64 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство за 64 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојан Стојаноски именуван за член на Управниот одбор на Стопанска банка Скопје

Редакција

Првата македонска компанија за правење тортилји „Бејкинг фектори“, долгорочно ќе донира производи на Црвен Крст

Редакција

„Оилко“ откупи сопствени акции

Редакција