Македонскиот синџир на маркети Стокомак денеска го отвори својот прв маркет во Србија.
Истиот е отворен во Пирот, а како што пишуваше еМагазин изминатиов период, Стокомак во првата фаза планира маркети и во Ниш, Параќин, Лесковац и Панчево.
Маркетот во Пирот се протега на површина од 600 метри квадратни, а во истиот ќе се продаваат 1.400 артикли.
Првичната инвестиција, како што пренесуваат српските медиуми, е 5 милиони евра.
Централата на ланецот е во Ниш.
Видео од отварањето објави локалниот портал pirotplusonline.rs:
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Колкави плати нуди македонски Стокомак за маркетите во Србија
Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој наскоро отвара пет маркети во Србија
Кој е македонскиот ланец Стокомак, кој наскоро отвара пет маркети во Србија
Фото: Стокомак Србија/Фејсбук