Во обид да се “испере“ пред очите на светската јавност, кралското семејство на Саудиска Арабија го повика во кралската палата Салах Кашоги, син на Џамал Кашоги, новинар кој беше брутално убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул, Турција. На средбата сочувство му изразија кралот и принцот на Саудиска Арабија.
Светските медиуми повикот на синот на Кашоги со кралската палата со цел да му се изрази сочувство го оценија како најперверзен можен настан уште еднаш повторувајќи дека светските лидери мораaт да преземат сериозни чекори соодветно да се казни Саудиска Арабија поради тоа што дозволила организирана група од петнаесетина лица, меѓу кои и разузнавачи блиски до принцот да извршат ужасно убиство во конзулат на земјата во странство.
Видеото открива страв во очите на синот на Кашоги кој очигледно бил приморан да се појави на средбата.
Фото/Видео: Russia today