еМагазин
Image default
Македонија

За руската агенција „Спутник“ земјава е „С. Македонија“

Руската новинска агенција „Спутник њус“, порано позната како „РИА Новости“ и „Гласот на Русија“ веќе ја преименува Република Македонија во Северна Македонија, пренесува Мета.

Со наслов „Грција, С. Македонија, почнаа да разговараат и покрај идентитетскиот конфликт“ руската агенција која е дел од владиниот медиумски конзорциум „Росија Сегодња“, во понеделникот објави интервју со професорот Неофитос Лоизидес од универзитетот на Кент, Велика Британија за најновите случувања околу Договорот со Грција и деценискиот спор на двете земји, а во насловот земјава ја наведе како „С. Македонија“.

Со оглед на фактот дека станува збор за државна новинска агенција, која е директно под капата на руската влада, преименувањето би можело да се сфати како сигнал на официјалната руска политика дека уставните измени во македонското Собрание се веќе готова работа, и Македонија ќе го прифати името Северна Македонија, како главен сегмент на Договорот од Преспа.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравствениот инспекторат не утврдил недостатоци во грижата за здравјето на Боки во Шутка

Редакција

Во Охрид опожарен угостителски објект на државниот правобранител Агрон Речи

Редакција

Игор Јанушев нов генерален секретар на Владата

Редакција