На Националниот портал за електронски услуги uslugi.gov.mk од денес се достапни две нови услуги од Oсновните судови, Уверение од кривична евиденција за физички лица и Уверение од кривична евиденција за правни лица, изјави на прес-конференција Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Министерот дополни дека станува збор за најкористените тековни услуги од судовите, кои заедно со комплетирањето на пакетот на судски потврди што секојдневно им се потребни на граѓаните и компаниите го сочинуваат пакетот за неосудуваност.
„Во овој пакет, веќе дигитализирани се и Потврдата од казнена евиденција и Потврдата за изречена забрана на вршење професија, дејност или должност, станува збор за документи кои се често потребни во секојдневниот живот – за вработување, аплицирање за јавни повици, образовни постапки и многу други правни и административни процедури,“ додаде Андоновски.