Денеска во Кривичниот суд Скопје треба да продолжи судењето за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
На денешното рочиште првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо треба да биде испрашуван од застапничките на обвинението, обвинителките Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ.
Ѓорчевска и Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24. ноември 2023 година, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес, неколку дена подоцна, на 3. декември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски тврди дека доказите против него биле фалисификувани
Палевски негира дека ги убил и грабнал Вања и Панче
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.