еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Александар Даштевски, претседателот на ДИК, за кого Антикорупциска отвори предмет

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски е во фокусот на јавноста поради куќата на мајката на неговата сопруга, за која Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе отвори предмет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Антикорупциска ќе отвори предмет за куќата на мајката на сопругата на претседателот на ДИК на Халкидики

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал претседател на ДИК.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист како заеднички имот пријавил стан во Скопје.

На име на сопругата пријавил два деловни простори и стан од наследство во Куманово и уште два стана во Скопје, едниот од наследство.

На свое име исто тако пријавил стан во Скопје, како и деловен простор од наследство.

Вози Сузуки, а неговата сопруга возило Фиат.

На име на сопругата пријавил и акции, пријавил и приходи од рента, како и девизни и орочени девизни депозити.

Пријавил и кредит 1,8 милион денари, на име на фирма, но не навел која.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снег и во Маврово

Редакција

Сите детали: Од затворот во Шутка тврдат дека Јанакиески и Ристовски биле нападнати бидејќи се „закачале“

Редакција

(Видео) РЕК Битола прави набавка од фирма на директор на ТЕЦ Неготино, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција