еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска врнежливо и посвежо време

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во наредните денови времето ќе биде претежно стабилно, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утре и во петок утринските температури ќе бидат ниски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мајка од Скопје му скршила коски на раце, нозе и на череп на 13-месечно дете

Редакција

Возачот пуштен на домашно лекување, седум лица повредени во страшната сообраќајка во критична состојба

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Се што треба да знаете за кинеската вакцина Синовак

Редакција