Од денеска цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Еуродизелот БС (Д-Е V) е повисока за два денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
За 1,50 денари се зголемува и цената на маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1), а на мазутот за 0,375 денари.
Според новата одлука на РКЕ, бензинот Еуросупер БС-95 ќе се продава за 73,50 денари за литар, бензинот Еуросупер БС-98 за 75,50 денари за литар, дизелот за 66 денари за литар, маслото за горење за 65,50 денари за литар, а мазутот за 37,155 денари за килограм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.