Денеска започна изградба на автопатот Тетово–Гостивар, дел од Коридорот 8, долг околу 18 километри.
Вредноста на инвестицијата е 90 милиони евра, а истиот треба да биде завршен за две и пол години.
На истиот ќе има осум натпатници за локални патишта и еден натпатник за новата клучка Боговиње–Врапчиште.
Реконструкција на клучката кај Тетово ќе биде со постоечкиот натпатник.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.