еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка во првиот квартал ја зголемила добивката за 20,1%

Комерцијална банка АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила позитивен финансиски резултат во износ од 1.416,5 милиони денари, наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период лани во износ од 1.179,1 милиони денари, што претставува зголемување за 20,1%, информираат од Банката преку Македонската берза.

-Планираната бруто-добивка за првиот квартал од годинава е остварена со 110,0%.

Позитивниот резултат од работењето е остварен во услови на нагласени ризици од надворешното окружување, особено зголемените геополитички тензии, осцилациите на светските пазари како резултат на неизвесноста од воведените тарифи од страна на САД, како и намалената економска активност на главните трговски партнери на државата.

Дополнително, домашната инфлација забележа одредено забрзување во првиот квартал (достигна 5,0 % и 4,2 % на годишно ниво во февруари и март), што влијаеше НБРСМ да ја води монетарната политика на претпазлив начин.

Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 1,1 % поголема во однос на истиот период минатата година.

Зголемувањето на добивката пред исправка на вредност главно произлегува од зголемените нето курсни разлики и зголемените нето-приходи од камати, велат од таму.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 2.024,4 милиони денари и бележат зголемување од 1,3% во однос на истиот период минатата година, посочуваат од Банката.

-Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 31.03.2025 година истите бележат минимално зголемување од 0,8% во однос на истиот период минатата година. Планот е исполнет со 100,1%.

Приходите по основ на камата се зголемени за 1,3%, при што најголем пораст бележат приходите од камата од домаќинствата и нефинансиските друштва како резултат на зголемените пласмани, како и приходите од камата остварени од секторот држава поради зголеменото вложување во државни хартии од вредност.

Расходите по основ на камата се зголемени за 5,2% поради зголемените орочени депозити споредено со истиот период минатата година.

Нето каматната маржа на ниво на Банката е намалена од 3,94% на крајот од првиот квартал од минатата година, на 3,65% на 31.03.2025 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци на 31.03.2025 година изнесуваат 334,8 милиони денари и во однос на истиот период минатата година бележат минимално намалување од 0,5%. Планот за анализираниот период е остварен со 114,1%.

Нето-приходите од курсни разлики на 31.03.2025 година изнесуваат 113,3 милиони денари и бележат зголемување од 17,3% во однос на истиот период минатата година, во најголем обем поради зголемениот промет на девизниот пазар. Планот за анализираниот период е остварен со 143,4%.

Останатите приходи од работењето на Банката на 31.03.2025 година изнесуваат 87,2 милиони денари и бележат зголемување од 0,9% во однос на истиот период минатата година, главно како резултат на зголемените наплатени претходно отпишани побарувања. Планот е остварен со 27,7%.

Оперативните расходи за периодот 01.01.-31.03.2025 година изнесуваат 553,3 милиони денари и во однос на минатата година се зголемени за 1,8%, во најголем дел како резултат на зголемениот износ на плати и други трошоци за вработените, а во помал обем и поради зголемената амортизација. Планот е остварен со 78,6%.

Нето исправката на вредност на финансиските средства заклучно со 31.03.2025 година изнесува 49,8 милиони денари и бележи позначително намалување во однос на истиот период минатата година кога изнесуваше 274,6 милиони денари.

Намалувањето кај исправката на вредност на финансиските средства во првиот квартал од 2025 година главно се должи на добрата финансиска дисциплина и редовното сервисирање на обврските по кредити од страна на клиентите.

Во периодот од 01.01. до 31.03.2025 година, Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа во износ од 4,9 милиони денари, во согласност со регулативата од НБРСМ, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку пари чувале граѓаните и фирмите во Комерцијална во првиот квартал

Комерцијална банка ќе дели дивиденда од 1.250 денари бруто за акција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Последна шанса за да се спасат односите меѓу Македонија и Бугарија, да знаеме на што сме, не може повеќе вака, вели Османи

Редакција

Средба Заев-Ципрас: ЕУ да испорача кон Македонија за да се спречат националистичките агенди

Редакција

(Фото) Жешката моделка со која се сликаше Груевски на забава во Будимпешта стана топ тема во Македонија

Редакција