Во Битола внука со нож ги избодела својата баба и дедо.
Инцидентот, како што информираа од Основното јавно обвинителство Битола се случил во семејната куќа на улицата „Солунска“.
Таа им нанела повеќе убоди со ножот, а тие се пренесени во болница. Засега нема повеќе детали за нивната здравствена состојба.
Нема детали и за нејзиниот идентитетот, а таа е уапсена.
Полицијата извршила увид во куќата, а од Обвинителството прибираат докази, по што ќе следуваат понатамошни правни дејствија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ