еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Скопски адвокат ја оспори одлуката за референдумот за името пред Уставниот суд

Владата на денешната седница ја разгледуваше иницијативата поднесена од Томе Тодоровски, адвокат од Скопје доставена до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за распишување на референдумот за името од 30.07.2018 година.

Тогаш, Собранието со 68 гласа ја изгласа Одлуката за распишување референдум за името, кој се одржа на 30 септември. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напуштија салата и не учествуваа во гласањето.

Според одлуката, граѓаните се изјаснија за прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

На референдумот не беше исполнет законскиот цензус за излезност и Државната изборна комисија го прогласи за неуспешен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи денеска ќе ги посети Македонците во Албанија

Редакција

390 од починатите од Ковид-19, починале надвор од болница

Редакција

Албанската полиција заплени арсенал оружје и муниција кои требало да бидат прошверцувани во Македонија

Редакција